Енергичниот млад деветчлен бенд Сантрофи од Гана го затвори 21-то издание на музичкиот фестивал ОФФест. Групата Santrofi, формиранa од басистот и продуцент Емануел Офори е длабоко инспирирана од highlife музиката на Гана во сите нејзини облици. Влијанијата се движат од возбудливиот, динамичен, гитарски, денс-ориентиран highlife од 70-тите, преку различните етно форми на highlife фанкот, па сè до полиритмичните битови и мелодии на популарниот afrobeat.
Tag Archives: Offest
Ненси Виеира е една од најпознатите уметнички што се имаат посветено на истражување на огромното музичко наследство на Кабо Верде, родната земја на музичката легенда Сезарија Евора. Ненси посветува огромно внимание на морна, национален музички стил кој како што и самата кажа на концертот од неодамна е прогласен од УНЕСКO како нематеријално наследство на човештвото. Ви препорачувам да ги гледате фотографиите по ред и за да ја доловите атмосферата можете да го слушате нејзиниот последен албум “Manhã Florida”
Инструментална супергрупа од Колумбија Лос Пиранас во која учествуваат три музички визионери од Богота: Еблис Алварез, Марио Галеано и Педро Охеда ги обединува експерименталните можности на ритмите и звуците од Јужна Америка (кумбија, чампета, тропикалија, салса и други) со авант психо-рокот, даб минимализмот и „бодликавиот“ џез.
Втората вечер на ОФФест 2022 започна со Балаке Сисоко од Мали кој е мајстор во изведбата на африканската кора. Потоа вечерета продолжи со рафинираниот пост-тропикализмичен и боса-нова звук на триото на бразилскиот гитарист, пејач, композитор и продуцент Лукас Сантана.
Отворањето на дваесет и првото издание на OFFest беше целосно во знакот на домашните изведувачи. OFFest 2022 го отвори македонски етно состав Перија, по што следуваше тандемот Добрила & Дориан дуо со домашна концертна премиера на албумот „Апокриф“ (SJF Records).
Има нешто задоволувачки смело во Lina_Raül Refree, деби албумот на португалската пејачка Лина и шпанскиот продуцент и гитарист Раул Рефри.
Либанските проект Love and Revenge кој е музичка рефлексија на нивниот културен идентитет, со цел да им дадат втор живот на старите арапски популарни песни и филмови настапија на петтата вечер на Оффест 2019. По нив следеа Romperayo колумбиски електро-психоделичен состав.
На третата вечер од 18-то издание на Оффест настапи една од најпопуларните африкански вокали Fatoumata Diawara од Мали. Посветувајќи го концертот и својата музика на невидливите, безгласните и ранливите нејзината музика повикува на славење на различностите затоа што светот би бил досадно место без нив.
Басеку Кујате, основачот на електричниот нгони, со својот бенд Н’гони ба кој е прв бенд составен само со нгони инструменти настапи на втората вечер на Оффест 2019 пренесувајќи ги звуците од Западна Африка во Скопје.
Катрин Финч и сенегалскиот кора мајстор Секу Кеита го отворија 18-то издание на Офест. После нив настапи македонскиот композитор, гитарист и пејач Крсте Роџевски заедно со едни од највозбудливите музичари на њујоршката џез-авангарда.