
Се е дозволено кога музиката е универзален лек
1 likes
Втората вечер на Скопскиот џез фестивал ни ги донесе возбудливите и беспрекорни Mario Rom’s Interzone од Австрија и џез вокалиската Dee Alexander од Чикаго.
Вечерта започна со австриското трио Mario Rom’s Interzone кој иако велат дека “Се е дозволено” (Everyting is permited) сепак нивната музика и настап не може да се опишат никако подруго освен како џез. Возбудливи и беспрекорни во нивната мужичка изведба ова млада австриско трио го имаше еден од најдобрите концерти на Скопскиот џез фестивал. По нив следеше една од најдобрите џез вокалистки Dee Alexander од Чикаго која со моќниот глас, смиреноста и шармот не ни мораше да ни каже дека музиката е универзален лек затоа што таа токму тоа го покажуваше на сцената.
Leave a comment