Category Archives: Concerts

Басеку Кујате со бендот Н’гони ба ги пренесе звуците од Западна Африка


Басеку Кујате, основачот на електричниот нгони, со својот бенд Н’гони ба кој е прв бенд составен само со нгони инструменти настапи на втората вечер на Оффест 2019 пренесувајќи ги звуците од Западна Африка во Скопје.

Катрин Финч и Секу Кеита го отворија Оффест 2019


Катрин Финч и сенегалскиот кора мајстор Секу Кеита го отворија 18-то издание на Офест. После нив настапи македонскиот композитор, гитарист и пејач Крсте Роџевски заедно со едни од највозбудливите музичари на њујоршката џез-авангарда.

Fighting Windmills на втората вечер од Оффест 2018


Втората вечер на ОФФест 2018 започна со македонскиот бенд Fighting Windmills. Искрено бендот не го познавав од претходно ниту пак ако завршев на концертот без да знам дека доаѓа од Македонија ќе претпоставев дека е македонски бенд.

Јупитер Боконџи: Дон Кихот од гетото


Пред четири години имав можност за прв пат да се запознаам со Jupiter&Okwess од Конго кои настапија на ОФФест 2014. Без никакви очекувања после нивниот концерт ми станаа една од омилените музички групи. После четири години повторно можев да уживам во хипнотичната силина и динамиката со која овој бенд настапува.

Craig Taborn Quartet и Paal Nilssen-Love Large Unit за крај на Скопскиот џез фестивал


За крај на триесет и шестото издание на Скопскиот џез фестивал настапија американскиот пијанист Craig Taborn со неговиот квартет и Paal Nilssen-Love Large Unit од Норвешка.