
Бојан З и Џулиан Лаж Трио го отворија Скопскиот џез фестивал
1 likes
Францускиот џез пијанист Војан З кој е по потекло од Србија и триото од Њујорк на Џулиан Лаж настапија на првата вечер од овогодинешното издание на Скопскиот џез фестивал.
Говорејќи на српски јазик Бојан З воспостави добра комуникација со публиката, а преку користењето на балканските музички елементи во неговите композиции целосно ја внесе публиката во неговото музицирање на сцената. Џулиан Лаж триото ја имаше својата европска премиера на новиот албум токму во Скопје, затоа што нивната турнеа во Европа е закажана за во Ноември.
Leave a comment