Сантрофи од Гана за крај на 21-то издание на ОФФест 2022


Енергичниот млад деветчлен бенд Сантрофи од Гана го затвори 21-то издание на музичкиот фестивал ОФФест. Групата Santrofi, формиранa од басистот и продуцент Емануел Офори е длабоко инспирирана од highlife музиката на Гана во сите нејзини облици. Влијанијата се движат од возбудливиот, динамичен, гитарски, денс-ориентиран highlife од 70-тите, преку различните етно форми на highlife фанкот, па сè до полиритмичните битови и мелодии на популарниот afrobeat.

Santrofi @ OFFest 2022

Копнеж, носталгија и среќа во едно, Ненси Виеира на ОФФест 2022


Ненси Виеира е една од најпознатите уметнички што се имаат посветено на истражување на огромното музичко наследство на Кабо Верде, родната земја на музичката легенда Сезарија Евора. Ненси посветува огромно внимание на морна, национален музички стил кој како што и самата кажа на концертот од неодамна е прогласен од УНЕСКO како нематеријално наследство на човештвото. Ви препорачувам да ги гледате фотографиите по ред и за да ја доловите атмосферата можете да го слушате нејзиниот последен албум “Manhã Florida”

Nancy Vieira @ OFFest 2022

Марија Мацота од Италија како вовед во последната вечер од ОФФест 2022


Марија Мацота ги донесе звуците Јужна Италија за старт на последната вечер на 21-то издание на ОФФест. Таа е една од најзначјаните појави на музичката сцена во регионот Апулија во Италија. Марија Мацота ја освои публиката на ОФФест со нејзината искрена итерпретација полна со емоции и дарбата за раскажување преку музика. На настапот ја придружуваше Антонино Де Лука на хармоника.

Maria Mazzotta @ OFFest 2022

Колумбиските тропски велемајстори Лос Пиранас на третата вечер на ОФФест


Инструментална супергрупа од Колумбија Лос Пиранас во која учествуваат три музички визионери од Богота: Еблис Алварез, Марио Галеано  и Педро Охеда ги обединува  експерименталните можности на ритмите и звуците од Јужна Америка (кумбија, чампета, тропикалија, салса и други) со авант психо-рокот, даб минимализмот и „бодликавиот“ џез.

Los Piranas @ OFFest 2022

Мајсторот на африканската кора Балаке Сисоко и триото на Лукас Сантана на втората вечер на ОФФест 2022


Втората вечер на ОФФест 2022 започна со Балаке Сисоко од Мали кој е мајстор во изведбата на африканската кора. Потоа вечерета продолжи со  рафинираниот пост-тропикализмичен и боса-нова звук на триото на бразилскиот гитарист, пејач, композитор и продуцент Лукас Сантана.

Ballake Sissoko @ Offest 2022

Македонска вечер за отворањето на 21-от ОФФест


Отворањето на дваесет и првото издание на OFFest  беше целосно во знакот на домашните изведувачи. OFFest 2022 го отвори македонски етно состав Перија, по што следуваше тандемот Добрила & Дориан дуо со домашна концертна премиера на албумот „Апокриф“ (SJF Records).

Камерунскиот пејач Blick Bassy го затвори 20-тото издание на Оффест


Со својот прогонувачки, исполнет со душа глас, Блик Баси е еден од најинвентивните и најпрепознатливите кантавтори во Африка. Роден во Камерун, Западна Африка, работел во Бразил, а сега е живее Франција тој на 20-тото издание на Оффест се претстави со својот албум 1958. Албум каде Блик Баси се нурнува во историјата на својата татковина, Камерун и нејзиниот заборавен водач на отпорот Рубен Ум Ниобе, кој бил убиен од француските војници во 1958 година, само неколку години пред независноста.

Kiko Dinucci и Juçara Marçal на втората вечер на Оффест 2021


Роден во 1977, Кико Динучи е бразилски гитарист и композитор од Сао Паоло. Тој е еден од основачите на групите Metá Metá и Passo Torto. Со Растиљо, Кико Динучи тргна да направи албум во духот на бразилскиот сонародник Жоао Жилберто …

Словенечкото инструментално трио Širom на Оффест 2021


Širom се опишуваат себеси како „словенечки акустичен фолк авангарден експериментален бенд“ или, ако сакате, „имагинарен фолк“. Овие два описа би можеле да сигнализираат дали Širom прави или не музика која би те заинтересирала да ја слушаш.