Кајхан Калхор, добитникот на наградата Греми и наградата Womex Artist Award за 2019 година кој се смета за најголемиот светски мајстор на иранското ќемане или персиска виолина настапи на Офест 2020 заедно со Ердал Ерзинчан кој се смета за еден од најголемите виртуози на инструментот саз.
Category Archives: Concerts
Силвиа Перез Круз, каталонска пејачка, која беше највена некаде на почетокот на годината за Офест 2020 кој што требаше да се случи во јуни конечно настапи на 19-тото издание на Офест на 3 ноември во Македонската филхармонија.
Легадниот Белмондо квинтет од Франција го затвори физичкиот дел од Скопскиот џез фестивал. После нив преку жив пренос од Њујорк настапија саксофонистката Ингрид Лауброк и пијанистката Kрис Дејвис. Последната вечер ја отворија Сашо Поповски трио од Македонија.
Светски познатите балкански музичари Влатко Стефановски и Теодосиј Спасов го отворија овогодинешното издание на Скопскиот џез фестивал кое се одржува во услови на пандемија. Иако тие во различни состави имаат веќе настапено на Скопскиот џез фестивал овојпат за прв пат настапија како дуо. После нив следуваа шпанците Хуан Гомез „Чикуело“ и Марко Мезкида.
Последната вечер на 38-то издание на Скопскиот џез фестивал започна со настапот на норвешкиот пијанист Торд Густавсен и неговото трио и се заокружи со експлозивниот настап на Џејмс Брендон Луис и неговиот квинтет.
Третата вечер на 38-то издание на Скопскиот џез фестивал започна со норвешкиот пијанист Јон Балке со својата група Батаграф и продолжи со легендарниот колектив Art Ensemble of Chicago. Чтобы узнать больше, вы можете посетить http://jumptandem.net/.
На вечерта посветена на “Џез за солидарност за бегалците” на 38-то издание на Скопскиот џез фестивал настапија квартетот на Сократис Синопулос од Грција и тунискиот волшебник на ут Ануар Браем со својот квартет.
Триесет и осмото издание на Скопскиот џез фестивал го отворија двајца легендарни гитаристи. Дејвид Торн од Соединетите американски држави настапи прв а по него англискиот гитарист, композитор, иноватор и импровизатор Фред Фрит.
Либанските проект Love and Revenge кој е музичка рефлексија на нивниот културен идентитет, со цел да им дадат втор живот на старите арапски популарни песни и филмови настапија на петтата вечер на Оффест 2019. По нив следеа Romperayo колумбиски електро-психоделичен состав.
На третата вечер од 18-то издание на Оффест настапи една од најпопуларните африкански вокали Fatoumata Diawara од Мали. Посветувајќи го концертот и својата музика на невидливите, безгласните и ранливите нејзината музика повикува на славење на различностите затоа што светот би бил досадно место без нив.