Fighting Windmills на втората вечер од Оффест 2018


Втората вечер на ОФФест 2018 започна со македонскиот бенд Fighting Windmills. Искрено бендот не го познавав од претходно ниту пак ако завршев на концертот без да знам дека доаѓа од Македонија ќе претпоставев дека е македонски бенд.

Јупитер Боконџи: Дон Кихот од гетото


Пред четири години имав можност за прв пат да се запознаам со Jupiter&Okwess од Конго кои настапија на ОФФест 2014. Без никакви очекувања после нивниот концерт ми станаа една од омилените музички групи. После четири години повторно можев да уживам во хипнотичната силина и динамиката со која овој бенд настапува.

Craig Taborn Quartet и Paal Nilssen-Love Large Unit за крај на Скопскиот џез фестивал


За крај на триесет и шестото издание на Скопскиот џез фестивал настапија американскиот пијанист Craig Taborn со неговиот квартет и Paal Nilssen-Love Large Unit од Норвешка.

Steve Coleman и Marc Ribot на третата вечер од Скопскиот џез фестивал


Третата вечер на Скопскиот џез фестивал ни ги донесе американскиот саксофонист Steve Coleman and Five Elelements и Marc Ribot and the Young Philadelphians, кој направи посвета на музиката од овој американски град со посебен акцент на панк-фанкот.

Се е дозволено кога музиката е универзален лек


Втората вечер на Скопскиот џез фестивал ни ги донесе возбудливите и беспрекорни Mario Rom’s Interzone од Австрија и џез вокалиската Dee Alexander од Чикаго.

David Helbock Trio и Trondheim Jazz Orchestra го отворија Скопскиот џез фестивал


Австрискиот пијанист David Helbock со неговото трио и Trondheim Jazz Orchestra, еден од најкреативните џез оркестри од Европа го отворија триесет и шестото издание на Скопскиот џез фестивал.